(Видео) Се урна дел од кулата Торe деи Конти во центарот на Рим – еден работник заробен под урнатините, четворица спасени


Screenshot_3-11-2025_141047_n1info.rs_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 


Дел од кулата Торе деи Конти во центарот на Рим, која во моментов се реконструира, се урна денеска, објавија италијанските медиуми. Објектот се наоѓа во близина на римскиот Форум. Според првичните информации, еден работник е повреден, а четворица кои биле блокирани во горниот дел од кулата, се спасени.

Околу 13 часот се случило второ уривање, додека спасувачките екипи и полицијата веќе биле на терен поради првиот инцидент кој се случил околу 11:20 часот, пренесува „Кориере дела сера“.

Работникот кој сè уште е заробен под урнатините е државјаним на Романија. Специјалната единица на пожарникарите (SAF) се обидува да му пристапи преку мал прозорец од левата страна на кулата. Тој се наоѓа на првиот кат, е свесен, одговара на повици и соработува со спасувачите.

Во моментот кога пожарникарите се обидувале да го извлечат заробениот работник, се случило ново уривање на внатрешниот дел од структурата. Кулата сега е нестабилна и постои ризик од целосно уривање. Целото подрачје е евакуирано и обезбедено, а облак од прашина ги покрил спасувачите и случајните минувачи, но без потешки последици.

Еден од спасените работници, стар 64 години, е итно пренесен во болница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK