(Видео) Се шири снимка: „Украинец во цивилна облека испука ракета од рамото, собори руски проектил“

oboruvanje-proektil1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот советник на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, на својот Икс профил објави видео на кое вели дека Украинец, облечен во цивилна облека, испука ракета од неговото рамо за да пресретне руски крстосувачки проектил.



На кратката снимка се гледа како украински војник пука со ракета, додека во позадина се слушаат гласови кои слават, што имплицира дека рускиот проектил е успешно пресретнат.

Не е јасно каде и кога е снимено видеото, пишува „Њузвик“ и додава дека Украинецот на видеото користи MANPAD, пренослив систем за противвоздушна одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK