(Видео) Сарасота во центарот на окото на ураганот

46022ae6-1c5e-482c-9dda-d3b08b2e49a6.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Окото“ на ураганот Милтон, најсилниот во последните сто години, ја погоди Флорида. Иако ослабе од категорија 5 до категорија 3 во пресрет на неговото пристигнување на брегот на Флорида, ураганот остава пустош по него.



Повеќе од милион луѓе се евакуирани, многу области се веќе поплавени, нивото на морето се подига, забележани се екстремни количества дожд и ветрови со брзина од 200 километри на час. Најтешко погодени области се Нејплс, Форт Мајерс и Тампа.

На околу 100 километри јужно од Тампа, во Сарасота, ловците на урагани фатија момент на смиреност додека „окото“ на ураганот минуваше над градот. Само неколку моменти пред тоа ветерот уриваше дрвја, огради од куќи…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK