(Видео) Руските власти: Украина го нападна Крим, делови од ракети паѓаа на плажа, убиено е дете

b859db87-dd0e-4c32-b6b7-be20e80860da.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во градот Севастопол на Крим, украинскиот полуостров анектиран од Русија во 2014 година, две лица, меѓу кои едно двегодишно дете, загинаа, а 22 други беа ранети во украинскиот ракетен напад во неделата, објави гувернерот назначен од Москва. .

„Според информациите со кои моментално располагаме, во нападот на украинската армија на Севастопол загинале двајца цивили, меѓу кои и двегодишно дете, а 22 лица се ранети“, напиша Михаил Развојаев на Телеграм.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое наводно се гледаат фрагменти од соборените ракети како паѓаат на плажа.

Овој пристанишен град е редовна цел на напади, особено затоа што е дом на руската Црноморска флота. Крим е многу важен логистички центар за руската војска.

Претходно гувернерот извести дека противвоздушната одбрана го одбила „ракетниот напад“ со уништување на „пет воздушни цели“. Тој додаде дека „урнатините од соборените цели паднале на крајбрежната област“.

Во рускиот регион Белгород, во близина на украинската граница, едно лице загина, а три се ранети во напади на украински беспилотни летала, изјави во неделата гувернерот Вјачеслав Гладков.

И тој регион е многу честа цел на украински напади. Киев тврди дека така се брани од руските напади на сопствена територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK