Главниот град на Украина, Киев рано утринава беше изложен на масовен напад од руски беспилотни летала, при што градоначалникот Виталиј Кличко и други официјални лица пријавија напади на неколку станбени области.
The moment shahed flew into a residential building in Kyiv just now.. pic.twitter.com/Etdf8ZNlg2
— Julia (@juliasskrs) December 21, 2023
Тој пријавил и напад со дрон врз приватна куќа во областа Дарнички на источниот брег на реката Днепар, која минува низ градот. Едно лице е повредено, а екипа на Итна помош е на терен.
Kyiv under massive drone attack. Strike on residential building reported. Details still emerging pic.twitter.com/VhGJLVgzL7
— Maria Avdeeva (@maria_avdv) December 21, 2023
Шефот на воената администрација на Киев, Сергиј Попко, извести дека остатоците од соборениот дрон погодиле станбена зграда во областа Холосивски, исто така јужно од центарот на градот.
Попко објави слики на кои се гледаат скршени прозорци и големи оштетувања на становите.