Сократис и неговата сопруга Џејн им дозволиле на двете малолетни деца – Аријана и Максимус да имаат дури 200 змии во својата куќа, поради што се на удар на критики.
Родителите открија дека ја пуштија нивната ќерка да спие во иста просторија со 18 змии и тврдат дека е сосема безбедна. Всушност, Аријана имала само една година кога првпат држела една од домашните змии и вели дека мисли дека рептилите се „толку убави и слатки“.
Самиот Сократис од мали нозе имал контакт со змии, а првата жива змија ја фатил кога имал само шест години. Сепак, неговите родители го предупредиле дека змиите се опасни, а тој се плашел од нив.
Меѓутоа, подоцна во зрелоста развил љубов кон змиите откако еден негов пријател ги чувал како домашни миленици.
„Она што започна како мој страв, всушност стана страст“, рече Сократис.
Тој исто така објасни дека тој и неговата сопруга ги воспитуваат децата на неконвенционален начин.
„Јас всушност им давам на децата опции и избори, наместо да им кажувам што да прават“, рече тој.
За разлика од многу сопственици на рептили, Сократис и неговото семејство не ги чуваат своите змии во кутии, туку ги оставаат да шетаат низ куќата и да се лизгаат по телата на нивните деца.
Џејн рекла дека кога гостите ќе им дојдат дома веднаш се вџашуваат, но полесно им е кога ќе сфатат дека се безопасни.
„Луѓето мислат дека змиите се злобни и лигави, но не се“, вели малата Аријана, која чува 18 змии како домашни миленици.
Дури и спијат со неа во кревет.
Сепак, нејзиниот помлад брат Максимус сè уште се навикнува на змиите. На почетокот воопшто не ги сакал.
„Никогаш не го принудивме на ништо“, рече Сократис.
Џејн вели дека смета дека дружењето со змии е сосема безбедно за нејзините деца.
Меѓутоа, Сократ објаснува:
„Не гарантирам дека е безбедно бидејќи тие се диви животни и можат да каснат. Но, немам змија што може да ми ги изеде децата.
Сократис додал дека сака отровни змии, но дека никогаш не би ги пуштил да се шетаат низ куќата заради безбедноста на неговите деца, пишува „24 сата.хр“.
„Имам змија отровна, но имам и брава на вратата“, рече тој.
Аријана неколку пати ја каснале змии, но изјавила дека никогаш не плачела за време на инцидентот.
Овој татко потрошил повеќе од 288.725 евра на змии, а многу корисници на социјалните мрежи порачале дека таткото треба да биде ставен во затвор бидејќи чува змии во семејниот дом.
Исто така, го обвинија дека не е добар татко, и декане му е грижа.
„Безбедноста на моите деца е мојот прв приоритет, никогаш не би ги ставил во опасност“, заклучи тој.