(Видео) Расте бројот на загинати во пожар во трговски центар во Кина, загинаа 16 лица

pozar-kina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија CCTV објави дека шест лица загинале во пожарот.



Пожарот избувна во 14-катница во високотехнолошката зона на градот Зигонг, обвивајќи ја околината со густ чад, јавува новинската агенција Ксинхуа.

Пожарот бил изгаснат дури во раните утрински часови, јави CCTV. Прелиминарната истрага покажа дека пожарот настанал од градежни работи, а во тек е натамошна истрага за утврдување на точната причина за пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK