Жителите на рускиот град Орск вчера се собраа на редок протест, барајќи отштета за уривањето на браната и поплавите што следеа во областа Оренбург.
Протестите се невообичаена глетка во Русија, каде што властите постојано ја потиснуваат секоја форма на несогласување по инвазијата на претседателот Владимир Путин на Украина, пренесува „Index.hr“.
Russia’s Orenburg region is facing some serious floods. The region plants around 1.4 mln ha / 3.5 mln acres of #wheat #agwx #oatt pic.twitter.com/NTeGYlGk6O
— Andrey Sizov (@sizov_andre) April 8, 2024
Стотици луѓе се собраа пред административната зграда во Орск, јави руската државна новинска агенција ТАСС. На снимките објавени на руските медиумски канали се гледа како луѓето извикуваат „Путин, помогни ни“ и „срам да ти е“. На терен биле и силни безбедносни сили.
ТАСС вчера јави дека во таа област се поплавени околу 10.000 домови, од кои околу 7.000 се во Орск. Нивото на водата во градот продолжува да расте. Во неделата руската влада прогласи вонредна состојба во поплавените подрачја во областа Оренбург, а подготовките за можни поплави се во тек и во три други региони.