Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе и помогне на Северна Кореја во изградбата на вселенски сателити.
Путин го пречека севернокорејскиот лидер, кој со воз пристигна на железничката станица на космодромот во рускиот регион Амур, по што следеше посета на комплексот за лансирање на вселенскиот ракетен систем Сојуз-2.
Breaking News: Russian President Vladimir Putin met North Korean leader Kim Jong Un at a cosmodrome in Russia’s Far East.#iPhone15#iPhone15Pro #Putin #KimJongUn # pic.twitter.com/mS2l9ZjQ7J
— Abidullah (@577_abidullah) September 13, 2023
„Затоа дојдовме овде. Лидерот на Демократска Народна Република Кореја покажува голем интерес за ракетната технологија, тие се обидуваат да развијат вселенска програма“, изјави Путин за новинарите, истакнувајќи дека на делегацијата на КНДР ќе и бидат прикажани нови капацитети, пренесува РИА Новости.
Ким е во посета на Русија на покана на Путин, со кого имаше билатерална средба.
Путин најави дека на средбата ќе се разговара и за воено-техничката соработка.
„Ќе разговараме без брзање за сите теми. Има време“, им рече Путин на новинарите.
Тој исто така истакна дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу неодамна ја посети Северна Кореја и таму беше добро примен.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно изјави дека Ким и Путин ќе разговараат за билатералната соработка, вклучувајќи ги трговските и економските врски и културната размена, како и за ситуацијата во регионот и светот.
Ким Џонг-ун верува дека неговата сегашна посета на Русија, прва во последните четири години, ја покажува важноста на стратешките односи меѓу Русија и Северна Кореја, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.