(Видео) Путин до Додик: Мило ми е што те гледам повторно, ние сме братски народи

dodik-putin.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Српска Милорад Додик синоќа во Казан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.


Путин му посака добредојде на Додик во градот Казан и истакна дека се надева оти присуството на самитот на БРИКС е корисно, пренесува Кликс.ба.

„Се надевам дека имавте добри и корисни контакти за време на овој настан“, рече Путин.

Додик се заблагодари за пречекот и можноста да види како изгледа средба од ваков формат и изрази желба Република Српска да биде вклучена во некои од формите на БРИКС.

„Со нетрпение го очекувам вашиот напредок на економски план, тоа покажува дека воведените санкции не ги даваат посакуваните ефекти“, рече Додик и го информираше претседателот Путин за американските санкции што му беа воведени на него и на официјалните претставници на РС.

Наводно, Додик му рекол на Путин дека пред два дена одбил воведување визи за руските граѓани и го информирал за приказните за наводните логори во РС.

Тој рече дека ЕУ го условува натамошниот напредок на БиХ на европскиот пат со барања како што е воведување визи за Русите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека „важно е соработката со Република Српска да биде од практична природа и да се развива во духот на взаемно почитување, како што треба да биде меѓу братските народи“, пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека политичките контакти меѓу Русија и Република Српска се прошируваат.

Во разговорот со претседателот на РС, Путин истакна дека е запознаен со тешкотиите со кои се соочува Република Српска и низ какви искушенија треба да помине.

„Сигурен сум дека со вашиот карактер и фокусираноста на граѓаните кон заштитата на националните интереси ќе се надминат сите тешкотии. Мило ми е што повторно ве гледам“, рече Путин.

Тој изрази надеж дека учеството во БРИКС е корисно и дека Додик има корисни деловни контакти.

Путин додаде дека времињата се менуваат и ситуацијата во светот се менува.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK