Осомничениот вооружен напаѓач вчера пукал и ранил две деца во основно училиште во Калифорнија пред да се самоубие, соопшти канцеларијата на локалниот шериф.
Пукањето се случило во училиште во Калифорнија, на околу 89 километри северно од Сакраменто, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Бат.
„Двајца ученици се здобија со прострелни рани и се пренесени во локалните болници на лекување“, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот Меган Мекман, додавајќи дека не ја знае нивната состојба.
„Осомничениот напаѓач е мртов“, напиша канцеларијата на шерифот Кори Хонеа на Икс. Се вели дека учениците биле однесени во блиската црква, но не се соопштуваат други детали.
BREAKING | SCHOOL SHOOTING
CALIFORNIA – LEAST TWO SHOT AT FEATHER RIVER ADVENTIST SCHOOL
🚨(Shots Fired) Palermo 12/4/2024 1:09 PM BCFAC via Scanner: Shots fired at Feather River Adventist School, 27 Cox Lane. Cal Fire and medics are staging well out of the area until deputies… pic.twitter.com/aWFJhWRoc5— MəanL¡LMə♡₩ (@MeanLILMeoW) December 4, 2024
Мотивот за пукањето сè уште не е познат, а напаѓачот не е идентификуван, рече Мекман.
Според неа, полицајците го пронашле осомничениот напаѓач мртов кога пристигнале на местото на настанот. Тој починал од прострелна рана што самиот си ја нанел.
Инспекторите се обидуваат да утврдат дали осомничениот напаѓач имал врски со училиштето, рече Хонеа.
Училиштето Федер Ривер, управувано од Адвентистичката црква на седмиот ден, го посетуваат деца од градинка до осмо одделение, на возраст од 5 до 13 години, според нејзината веб-страница.