Полицијата во централниот јапонски град Тода одговори на извештаите за пукање во болница, објавија локалните медиуми.
Во престрелката се ранети две лица, лекар, околу 40 години и пациент, околу 60 години, јавува Би-Би-Си.
Another shooting incident in Japan🤨
An armed man shot a hospital building in Toda city in Tokyo’s neighboring prefecture of Saitama this afternoon, leaving 2 injured.
The gunman has now barricaded himself in a nearby post office.
— Ikoma (@Ikoma_Blaunet) October 31, 2023
Установите во близина на болницата беа ставени под карантин.
Медиумите јавуваат дека по пукањето напаѓачот се забарикадирал во поштата во соседниот град Вараба.
Неколку полициски возила се паркирани околу поштата, блокирајќи ги околните патишта, додека полицајците се на терен со штитови.
Тода е град во јапонската префектура Саитама со околу 140.000 жители.