(Видео) Протест во Берлин против руската агресија врз Украина, се појави и Јулија Навална

berlin-protest.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќе од илјада луѓе протестираа вчера во главниот град на Германија, Берлин, против рускиот претседател Владимир Путин и руската инвазија на Украина.


Меѓу демонстрантите имаше многу членови на руската опозиција во егзил, меѓу кои и активистката за човекови права Јулија Навална, вдовица на рускиот опозициски лидер и критичар на Кремљ Алексеј Навални. Присутни беа и поранешните руски политички затвореници Илја Јашин и Владимир Кара-Мурза.

Маршот беше наречен Не за Путин. Не за војната во Украина. Слобода за политичките затвореници.

Со поддршка на Западот, Украина се спротивставува на руската инвазија повеќе од две и пол години.

Јашин и Кара-Мурза беа осудени на долги затворски казни во Русија поради нивниот антивоен став, од каде подоцна беа депортирани како дел од размената на затвореници со западните сили во август.

Навални умре во руски затворски логор под необјаснети околности во февруари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK