(Видео) Пронајдени над 260 тела на жртви од упадот на Хамас на музичкиот фестивал во Израел

Видео-Пронајдени-над-260-тела-на-жртви-од-упадот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на „Зака“, волонтерска група која се занимава со човечки останки по терористички напади и други катастрофи, за локалните медиуми изјави дека досега се собрани повеќе од 260 тела од местото на музички фестивал на југот, кој беше нападнат од терористите на групата Хамас.



Многу родители на млади луѓе кои присуствуваа на фестивалот од вчера очајнички бараат вести за нивните исчезнати деца.

Според видео снимките на социјалните мрежи и сведочењата на посетителите на фестивалот, напаѓачите на Хамас стрелаа присутни кои бегаа, додека други ги земаа како заложници во близина на границата Газа.

Еден од преживеаните на фестивалот, Елијав Клајн опиша дека некои посетители биле киднапирани, а некои успеале да се спасат.

„Мојот пријател се обиде да скокне од карпа висока околу 8 метри, додека бегаше од терористите за да си го спаси животот. Друг клечеше под закана со пиштол“, додаде тој.

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Гилад Ердан, за „Ен-би-си“ изјави дека на фестивалот имало неколку Американци.

Светот го обиколи видеото на 25-годишната Ноа Аргамани, која присуствувала на фестивалот со своето момче кога била киднапирана од војниците на Хамас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK