(Видео) Пронајден лавот што шеташе низ улиците во близина на Рим по бегството од циркус

Видео-Пронајден-лавот-што-шеташе-низ-улиците-во-близина-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Властите успеајаа да го вратат во локалниот циркус во близина на Рим лавот кој избега и талкаше по улиците на Ладисполи со часови, а градоначалникот изрази надеж дека настанот ќе ја разбуди совеста и ќе ја запре експлоатацијата на животните во циркусот.



Градоначалникот Алесандро Грандо, кој управува со градот со околу 40.000 жители, синоќа ги повика своите сограѓани да не излегуваат од дома додека полицијата и персоналот на циркусот не го фатат бегалецот.

На видеата кои ги објавија италијанските медиуми, чија автентичност не можеше да ја потврди агенцијата АФП, се гледа возрасен лав кој ноќе шета низ улици.

Во 22 часот и 30 минути, повеќе од пет часа по првата порака до граѓаните, Грандо на својата Фејсбук страница објави дека „лавот е заробен“.

„Сега циркусот ќе се грижи за него“, додаде градоначалникот и им се заблагодари на итните служби и волонтерите за помошта „во часовите на голема загриженост“.

„Се надевам дека оваа епизода ќе ја разбуди совеста и дека конечно ќе ја прекинеме експлоатацијата на животните во циркусот“, напиша градоначалникот.

Очекувајќи дека некои жители би можеле да поднесат тужби, Грандо рече дека не дал дозвола циркусот да дојде во градот, но нема овластување да го спречи тоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK