(Видео) Продолжен прекинот на огнот на Блискиот Исток: Израел ослободи 30 деца

Видео-Продолжен-прекинот-на-огнот-на-Блискиот-Исток-Израел-ослободи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Портпаролот на катарското Министерство за внатрешни работи, Мајед ал Ансари, објави дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа.


„Државата Катар објавува, како дел од тековното посредување, дека е постигнат договор за продолжување на хуманитарниот прекин на огнот за дополнителни два дена во Појасот Газа“, рече Ал Ансари.

Израел доби список на израелски заложници кои денеска треба да ги ослободи Хамас, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Списокот на заложници во моментов се разгледува и „во моментов се доставуваат известувања до семејствата на оние кои ќе бидат ослободени по повеќе од 50 дена поминати како заложници во Газа“, се вели во соопштението.

Израел ослободи уште 33 палестински затвореници, од кои 30 деца, како дел од четвртата размена на заложници според договорениот прекин на огнот.

Израелската затворска служба соопшти дека затворениците биле ослободени од затворот Офер на Западниот Брег и притворниот центар во Ерусалим, со што вкупниот број на ослободени Палестинци од петокот се искачи на 150, пишува Гардијан.

Израелската влада одобри ослободување на 50 палестински заложници како дел од договорот за продолжување на привремениот прекин на огнот со палестинската милитантна група Хамас во Газа и обезбедување ослободување на уште речиси 20 Израелци кои ги држеше Хамас во заложништво од 7 октомври, пишува „Тајмс оф Израел“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK