(Видео) Пред 13 години се случи најголемата нуклеарна катастрофа по Чернобил

fukushima-zemjotres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кога силен земјотрес и цунами ја погодија Јапонија на 11 март 2011 година, уништувајќи градови и предизвикувајќи топење на јадрата на нуклеарните реактори во Фукушима, светот со ужас ја гледаше хаотичната борба со најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил. Разорните бранови од земјотресот со јачина од 9 степени по Рихтер го погодија североисточниот брег на земјата, при што загинаа речиси 20.000 луѓе и ја уништија нуклеарната централа Фукушима.


Повеќе од 160.000 луѓе избегаа од радијацијата. Во тоа време, некои, вклучително и премиерот Наото Кан, стравуваа дека и Токио или некои други градови ќе мора да бидат евакуирани. Кијоши Курокава ја водеше истрагата, која заклучи дека човек е одговорен за катастрофата.

13 години откако радијацијата принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови во Фукушима, некои градови во регионот сè уште се борат со тоа како да го обноват животот во заедницата. Во 12 отсто од префектурата Фукушима не беше дозволен пристап по катастрофата и околу 165.000 луѓе ги напуштија своите домови или за време на евакуација или доброволно.

Оттогаш, бројни области се прогласени за безбедни по темелна деконтаминација и на луѓето им се нудат стимулации да се вратат. Но, многумина се двоумат.

Многу луѓе не сакаат да се вратат поради страв од радијација и недоверба во деконтаминација. „Не е дека нема да се вратам. Уште повеќе што не можам да се вратам“, рече Мегуми Окада, која во моментот на катастрофата беше бремена со своето трето дете и замина иако беше надвор од официјалната зона за евакуација. „Да бев сама, ќе се вратев дома“, додаде 38-годишната, сега мајка на четири деца која живее во Токио.

„Но, како мајка сакам да избегнам ризици за моите деца“.

Речиси две третини од евакуираните од Фукушима не планираат да се вратат, според истражувањето на Универзитетот Квансеи Гакуин во 2020 година. „Многумина велат дека не можат да веруваат во деконтаминација и нивната недоверба во владините мерки е длабока“, рече Јоко Саито, вонреден професор кој учествуваше во анкетата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK