(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари.

pozarnikari-meksiko-sad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија. Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.


Големите шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес веќе една недела однесоа животи на најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.

Повеќе од 90.000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а цели населби беа опустошени од пожарот. Мексиканскиот тим ќе им се придружи на пожарникарите од седум држави и Канада во обид да ги стават пожарите под контрола.

„Тие сега се распоредени во загрозените области каде што ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарот, во суштина работат како екипа за поддршка“, рече Едвин Зунига, портпарол на Калифорниската противпожарна служба. „Затоа ќе работат на одржување и зајакнување на заштитната линија, а доколку има потреба и директно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот“.

Времетраењето на распоредувањето на мексиканските пожарникари не е одредено, но може да трае меѓу една и три недели, рече Зунига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK