(Видео) Пожар во зграда во Виетнам, десетици загинати: момче фрлено од десеткатница за да биде спасено од оганот

Видео-Пожар-во-зграда-во-Виетнам-десетици-загинати-момче-фрлено.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Десетици луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во виетнамската престолнина Ханој, објавија државните медиуми, а очевидци велат дека слушнале повици за помош и дека мало дете било фрлено од зградата со цел да го спасат


Пожарот избувнал вчера нешто пред полноќ на паркингот на десеткатницата, во простор преполн со мотори на станарите, велат очевидци.

„Властите спасија околу 70 луѓе, префрлија 54 лица во болница, меѓу кои и десетици мртви“, објави официјалната виетнамска новинска агенција.

„Ова е многу сериозен пожар“, се вели во соопштението.

Снимките од фотографите на АФП покажуваат пламен и чад како избива од затворените балкони. Пожарникарите утрово го изгаснале пожарот, а спасувачите тешко влегувале во зградата која се наоѓа во тесна уличка во станбена населба во југозападниот дел на градот.

Малите балкони се опкружени со железна ограда, а зградата има само еден излез и нема скала за итен излез однадвор.

Во комплексот живееле околу 150 луѓе, соопштија властите. „Слушнав многу повици за помош. Не можевме многу да им помогнеме“, изјави за АФП на местото на настанот една жена која рече дека се вика Хоа и живее во близина на зградата.

„Зградата е толку затворена и без рута за евакуација, жртвите не можат да излезат“, додаде таа. Друг сведок, Хуонг, рече дека мало дете било фрлено од висок кат за да избега од пламенот.

„Одев да спијам кога нешто почувствував. Излегов и видов пожар“, изјави сведокот. “Димот беше насекаде. Мало момче беше фрлено од висок кат, не знам дали преживеа или не иако луѓето користеа душек за да го фатат”, опишала таа.

Вицепремиерот Тран Луу Куанг утрово го посети местото на настанот, објавија државните медиуми.

По трагедијата, премиерот наредил проверка на сите високоризични локации. Тринаесет лица загинаа во 2018 година откако се запали станбен комплекс, исто така во градот Хо Ши Мин. Уште 13 лица загинаа во 2016 година во караоке бар во Ханој по пожар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK