(Видео) Поранешната премиерка на Бангладеш најави обраќање до нацијата, демонстрантите ја запалија нејзината куќа


hasina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Демонстранти во Бангладеш ја вандализираа и запалија поранешната семејна куќа на соборениот премиер Шеик Хасина, како и домовите на другите членови на нејзината партија.


Немирите избија по веста дека Хасина ќе и се обрати на нацијата преку социјалните мрежи од Индија, каде што е во егзил откако беше соборена во студентските протести минатата година, јавува Би-би-си.

Хасина, 77-годишна политичарка која го водеше Бангладеш 20 години, се сметаше за автократ чија влада безмилосно го потиснуваше секое несогласување.

Вчера вечерта багер ја урна куќата на покојниот татко на Хасина, Шеик Муџибур Рахман, кој е и основач на Бангладеш. Таа зграда беше претворена во музеј. Таткото на Хасина е широко почитуван како херој за независност, но гневот кон неговата ќерка го извалка неговото наследство меѓу критичарите на Хасина. Во директен пренос на Фејсбук, Хасина го осуди нападот и побара правда. „Можат да срушат зграда, но не можат да ја избришат историјата“, рече таа.

Хасина беше прославена и како икона на продемократското движење, но нејзиниот углед опадна откако дојде на власт. Таа е обвинета за местење избори и затворање критичари, а нејзината администрација нашироко се смета за корумпирана. Против неа се издадени налози за апсење и поради задушување на студентските протести минатата година, во кои животот го загубија стотици луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK