(Видео) Погодена зграда во Русија: влезот целосно се урна, извлекуваа луѓе од урнатините

gr-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Влезот во станбена зграда во рускиот град Шебекин се урна при напад на украинските вооружени сили, објави на Телеграм гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков. Според првичните информации најмалку пет лица се повредени.

Три лица се пренесени во болница, а две одбиле хоспитализација и на лице место им била укажана лекарска помош. Вработени во руското Министерство за вонредни ситуации пристигнале на местото на настанот и спроведуваат акција за пребарување и спасување.

Тие со помош на камион со скала евакуирале најмалку четири лица од петтиот кат, додека уште две лица се извлечени од под урнатините. Центрите за привремено сместување се подготвени да ги примат луѓето чии станови се уништени, пишува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Руската комесарка за човекови права Татјана Москалкова објави дека во Шебекин отишле и членови на нејзиниот кабинет, заедно со омбудсманот на регионот Белгород.

„Уште едно злосторство на Вооружените сили на Украина против руските цивили се случи во Шебекин, регионот Белгород. Како резултат на ракетен напад од Украина, станбена зграда беше уништена и луѓе беа убиени. Група вработени од мојата канцеларија отидоа на местото за пружање помош на настраданите“, истакна таа.

Иако Москалкова споменува загинати, официјалните информации на руските власти не велат дека некој загинал.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK