Киев денеска продолжи со воздушните напади врз рускиот пограничен регион Курск, а одбранбените системи уништија четири беспилотни летала во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, еден ден откако Москва ја обвини Украина дека ја гаѓа областа со оклопно оружје.
Министерството испрати резервни сили да помогнат во одбивањето на стотици украински борци поддржани од тенкови, во еден од најголемите копнени упади на руска територија за време на војната. Ситуацијата може да се контролира, изјави Алексеј Смирнов, вршител на должноста гувернер на југозападниот регион на Русија, во објавите на апликацијата за пораки Телеграм.
Sudzha, Kursk region 💥🔥 pic.twitter.com/dyLQCx5gTz
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 6, 2024
Сите служби за итни случаи се во „висока готовност“, рече тој, повикувајќи ги луѓето да даруваат крв за да се надополнат медицинските материјали. Украинскиот напад врз руската област Курск е уште еден „терористички“ напад врз цивили, изјави претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, а пренесе државната новинска агенција РИА.
Kursk region 👀🔥 pic.twitter.com/8lhtgybltD
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) August 6, 2024
Во борбите што избувнаа вчера загинаа пет лица, меѓу кои две од екипите на брзата помош, а најмалку 20 се ранети, меѓу кои шест деца, соопштија руските власти.
Украина не даде официјален коментар, иако имаше докази за некаква воена акција на нејзината страна од границата. И Киев и Москва велат дека нивните напади не се насочени кон цивили.