(Видео) По седум години, авион од САД полета за Венецуела


amerikan-airlinesdepositphotos_288509810_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Воздушниот сообраќај од Соединетите Американски Држави кон Венецуела е обновен утрово по седумгодишна пауза, со првиот лет што полета за Каракас од Мајами, соопшти „Американ ерлајнс“.


Министерот за транспорт на САД, Шон Дафи, во јануари ја укина наредбата од 2019 година со која им се забрануваше на американските авиокомпании да летаат до Венецуела откако претседателот Доналд Трамп му нареди да го стори тоа, а потоа го одобри барањето на „Американ ерлајнс“ за дневни летови во март.

Авиокомпанијата објави планови за продолжување на летовите неколку недели откако американската војска го зароби лидерот на земјата, Николас Мадуро.

Американ ерлајнс, која почна да лета кон Венецуела во 1987 година, беше најголемата американска авиокомпанија во земјата пред да ги прекине летовите во 2019 година поради забраната на САД.

Компанијата соопшти дека летовите нудат можности за деловни, туристички и хуманитарни патувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK