(Видео) По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Screenshot-2024-09-25-101544.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина објави дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) која носи лажна боева глава во Тихиот Океан, јавува Би-Би-Си.


Ракетата беше лансирана денеска и „слета во очекуваните морски области“, соопшти кинеското Министерство за одбрана, додавајќи дека пробното лансирање било „рутинско“ и „дел од годишната обука“.

Типот на ракетата и нејзиниот пат на летот останаа нејасни, но кинеските државни медиуми соопштија дека Пекинг „однапред ги известил соседните земји“.

Аналитичарите велат дека тоа што тестот се нарекува „рутински“ е изненадувачки бидејќи Кина последен пат извршила тест во меѓународни води во 1980 година.

„Освен ако не пропуштив нешто, мислам дека ова е прв пат по долго време да се случи ова и да биде пријавено како такво“, објави Анкит Панда, експерт за нуклеарно оружје во фондацијата Карнеги за меѓународен мир, на платформата X.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK