(Видео) Пијавица во Италија, потона едрилица долга 56 метри, седум исчезнати

jahta-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едрилица долга 56 метри со 22 лица потона кај Палермо околу пет часот утринава. Италијанските медиуми пишуваат дека таа потонала во морето пред Портичело, а 15 луѓе биле спасени од бродови на крајбрежната стража и пожарникари.



Седуммина се уште се водат како исчезнати.

Преживеаните се државјани на Велика Британија, Нов Зеланд и Ирска. Еден преживеан потекнува од Шри Ланка, а двајца имаат двојно британско-француско државјанство. Меѓу нив има и дете до една година, кое превентивно е префрлено во Детската болница во Палермо. Детето во болница пристигнало со мајката која има неколку површни повреди. Тој е добро, но останува под опсервација како мерка на претпазливост, пренесуваат италијанските медиуми.

Се верува дека едрилицата потонала поради пијавица која ја нападнала областа. Нуркачите веќе се движеле кон трупот на бродот, кој се наоѓа на длабочина од околу 49 метри, недалеку од брегот на Палермо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK