(Видео) Пентагон објави снимки при пресретнување на кинески ловци: „Доаѓаат на 6 метри, провоцираат“

Видео-Пентагон-објави-снимки-при-пресретнување-на-кинески-ловци-„Доаѓаат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД забележаа повеќе случаи на ризично однесување на кинески пилоти над источното и јужното кинеско море во последните две години отколку во целата деценија пред тоа, изјави Ели Ратнер, помошник секретар за одбрана за индо-пацифички безбедносни прашања.


„Од есента 2021 година, имаме повеќе од 180 вакви инциденти“, рече тој.

Во исто време, Пентагон објави фотографии и видеа од кинески борбени авиони како пресретнуваат американски авиони во меѓународниот воздушен простор.

„Снимките покажуваат дека кинеските борбени авиони опасно се приближуваат до американските во меѓународниот воздушен простор во обид да заплашат“, според Пентагон. Некои од нив дошле на шест метри од американските авиони, пишува CNN.

„Тоа е централизирана и координирана кампања на ризично однесување за да се натераат САД да ги променат своите легитимни оперативни активности“, рече Ратнер. Фотографиите и видеата покажуваат и кинески авиони како фрлаат предмети и проектили, вклучително и ракети, пренесува медиумот.

Во написите се анализира дека овогодинешните обиди на Пентагон да соработува со кинеското воено раководство не вродија со плод. Пекинг ја прекина комуникацијата откако тогашната претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети Тајван минатата година, што ги налути кинеските лидери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK