(Видео) Откриено зошто бродот удрил во мостот, се помали шансите да се најдат преживеани во несреќата кај Балтимор

3067dcba-e500-4255-b98e-db6cdaa589a2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Контејнерскиот брод Дали „останал без погон“ додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил претставниците на Мериленд за можна несреќа, објави Еј-би-си Њуз, повикувајќи се на некласифициран извештај на американското разузнавање.


„Екипажот на „Дали“ го известил Министерството за транспорт на Мериленд дека изгубиле контрола над бродот и дека е можен судир со мостот“, ја цитираше Еј-би-си, американската агенција за сајбер безбедност и безбедност на инфраструктурата.

„Бродот удри во мостот, кој целосно се урна“, се вели во соопштението.

Дописничката на Скај Њуз, Марта Келнер вели дека може да види голем број бродови и чамци за итни случаи кои сè уште ја пребаруваат водата.

„Очигледно сега се намалуваат шансите да се најдат живи луѓе“, рече таа, нагласувајќи дека поминале шест и пол часа од уривањето на мостот.

Иако е пролет, температурата на водата е околу 9 Целзиусови степени. Кога се случи инцидентот, таа беше уште поладна.

Денеска во американскиот град Балтимор, во сојузната држава Мериленд, големиот мост Френсис Скот Ки се урна во реката откако во него удрил контејнерски брод, кој потоа се запалил. На мостот имало неколку возила, кои по уривањето на мостот завршиле во реката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK