­

(Видео) Огромна дупка се отвори на пат во Сеул: пронајдено телото на мотоциклист кој падна во неа


dupka-seul.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човекот кој падна во голема дупка што се отвори на пат во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, е пронајден мртов, соопшти локалната противпожарна служба.


Човекот возел мотоцикл во областа Гангдонг кога патот се урнал околу 18:30 часот по локално време (9:30 часот по средноевропско време).

Спасувачите го пронашле неговото тело под земја во вторникот наутро околу 11 часот по локално време, на приближно 50 метри од местото каде што паднал.

Во несреќата е повреден и возач на автомобил, а снимката од несреќата брзо почнала да се шири на социјалните мрежи во Јужна Кореја.

Широко споделено видео од камерата за надзор го покажува моментот кога пат се урна во близина на прометна раскрсница. На видеото се гледа како мотоциклист паѓа во дупка, додека автомобилот пред него за влакно избегнува да пропадне.

Во вторникот наутро, спасувачите пронашле мобилен телефон и мотоцикл во дупка широка 20 метри и длабока 20 метри, јавуваат локалните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK