(Видео) Одроните и поплавите го уништуваат Непал, два автобуса завршија во реката, десетици мртви

nepal-poplava.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Одрони во Непал денеска однесоа два автобуса со најмалку 65 патници во река, а од лизгање на земјиштето на други места во земјата загинаа најмалку 10 лица, соопшти полицијата.


Десетици загинаа во оваа хималајска земја од средината на јуни, откако монсунските дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави.

Властите ги мобилизираа армијата и полицијата во потрага по 65-те исчезнати патници кои во раните утрински часови беа однесени од реката Тришули. Тоа се случи во областа Читван, околу 86 километри западно од Катманду, изјави портпаролот на полицијата Дан Бахадур Карки.

„Имаше 41 лице во автобусот што патуваше од Катманду до Гаур и 24 лица во автобусот од Биргуњ до Катманду. И автобусите и патниците исчезнаа во реката Тришули“, рече тој.

Во областа Каски, 150 километри западно од главниот град, 10 лица загинаа кога лизгање на земјиштето однесе три куќи, додаде Карки. Најмалку 91 лице загинаа во лизгање на земјиштето и поплавите во Непал од средината на јуни.

Премиерот Пушпа Камал Дахал во петокот на социјалните мрежи изрази жал поради катастрофите и им наложи на владините агенции да спроведат ефективни операции за пребарување и спасување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK