(Видео) Објавена снимка од поплавениот автопат кај Виена

9b8cdb20-25b3-4d62-9f62-0478a2dd87ec.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку реки во централна Европа се излеаја денеска, предизвикувајќи смроносни поплави од Полска до Романија. Пограничните области меѓу Чешка и Полска беа силно погодени во текот на викендот.



Некои мостови се урнаа и куќи беа уништени, додека села и градови во источна Романија беа потопени.

Австриската влада ја прогласи целата покраина Долна Австрија погодена од поплавите, околу главниот град Виена и на границата со Чешка за област на катастрофа. На социјалните мрежи се шират снимки од автопатот кај Виена кој е целосно под вода.

Портпаролот на противпожарната станица утринава изјави дека ситуацијата била мирна во текот на ноќта. Но, до утре во земјава се очекуваат дополнителни 60 литри дожд на метар квадратен, изјави државен претставник.

Метеоролозите на јавната телевизија ОРФ предвидоа уште повеќе врнежи во одредени делови на Австрија, како Тирол и источниот дел на земјата.

Неколку стотици луѓе се спасени од поплавите во Долна Австрија, соопштија противпожарните служби. Пожарникар загинал во неделата додека вадел вода од подрумот. Иако нивото на водата се намали во Виена, денеска имаше огромни проблеми во јавниот превоз и повеќето линии на метрото во градот со два милиона жители само делумно функционираа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK