(Видео) Објавена прва снимка од терористичкиот напад во Ерусалим: луѓето панично бегаат, се слушаат пукотници

Видео-Објавена-прва-снимка-од-терористичкиот-напад-во-Ерусалим-луѓето.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Утрово имаше терористички напад во Ерусалим во кој има загинати и ранети.

Нападот се случил за време на утринскиот сообраќаен метеж, пренесува „Тајмс оф Израел“. Засега е познато дека 24-годишна девојка и 73-годишен маж биле убиени во нападот што се случил на автобуската станица на влезот во Ерусалим.

Сепак, „Џерусалим пост“ пренесува дека уште едно лице им подлегнало на повредите. На социјалните мрежи се појави видео од местото на терористичкиот напад утринава во Ерусалим.

Од ранетите, еден е во критична состојба, додека три лица се тешко повредени, а три лица се со лесни и умерени повреди.

Израелската полиција соопшти дека „двајца терористи од источен Ерусалим, носејќи автоматска пушка М16 и пиштол утринава стигнале до раскрсницата во населбата Гиват Шаул во близина на влезот во западен Ерусалим и почнале да пукаат кон луѓето кои биле во близина на автобуската станица.

Се наведува дека „двајца терористи биле убиени од безбедносните сили, но и еден и еден цивил кој случајно се нашол таму“.

Полицијата брзо го опколила местото на нападот и започнала потрага по областа за да се увери дека во близина нема други напаѓачи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK