(Видео) Oбјавена нова снимка од Израелката Ноа која беше киднапирана на фестивалот

Видео-Oбјавена-нова-снимка-од-Израелката-Ноа-која-беше-киднапирана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Објавено е видео од Ноа Аргамани – една од младите жени кои беа киднапирани и однесени во Газа.



На видеото кое се споделува на социјалните мрежи Аргамани пие вода.

Снимката од нејзиното киднапирање масовно се споделуваше низ претходните два дена. Ноа заедно со нејзиниот дечко беше на музичкиот фестивал во близина на границата со Газа кога Хамас упадна и изврши масакр, во кој според последните информации убиени беа повеќе од 600 луѓе. Младата жена ја качија на мотор додека таа очајно извикуваше „Не ме убивај“, а нејзиниот дечко беспомошно гледаше додека милитантите го држеа и го носеа во непознат правец.

Нејзиниот татко низ плач вчера за израелските медиуми жалеше што не успеал да ја заштити.

Израел потврди дека цивили и војници се киднапирани и однесени во Газа, но не даде точна бројка.

На социјалните мрежи беа споделени и фотографии од киднапираните Израелци по кои се трага, а воглавно се работи за млади жени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK