(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа

rute-zelenski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.


Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах на социјалната мрежа Икс, каде сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на Икс напиша дека разговарале за неговиот план за победа.

Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО, на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK