Во Белград започна нов, деветти по ред протест на опозициските партии и активисти поради нерегуларности на изборите одржани на 17 декември. Демонстрантите се собраа пред седиштето на Републичката изборна комисија (РИК) во Белград, а вечерва за првпат протест се одржува и во Краљево.
#RIK #protest #Izbori2023 #studenti #borba #Beograd #IzbornaKrađa #ulica #caosvima@vojislavostojic pic.twitter.com/qPYhvDoO8N
— Jeremija (@savamalac) December 26, 2023
Коалицијата „Србија против насилството“ бара поништување на изборите, а организаторите истакнаа дека главното барање на денешниот протест е ослободување на демонстрантите кои беа уапсени претходните денови, од кои повеќето се студенти.
PODRŠKA UHAPŠENIMA!
IDEMO DO PALATE PRAVDE.#RIK #protest #Izbori2023 #studenti #borba #Beograd #IzbornaKrađa #ulica #caosvima@vojislavostojic pic.twitter.com/i1WV16ef5G— Jeremija (@savamalac) December 26, 2023
Зад протестот во Краљево стојат опозициските партии кои го поминаа цензусот: Здружението на староседелците, Локалниот фронт, Србија против насилството и коалицијата НАДА.
Изборните нерегуларности и нереагирањето на институциите на тврдењата на опозицијата беа причина потпретседателката на Партијата на слободата и правдата, Мариника Тепиќ, да започне штрајк со глад. Таа не јаде веќе деветти ден, а ја следеа и неколку пратеници од опозицијата кои бараат поништување на изборите.