Циклонот Циаран ја погоди Италија и однесе најмалку три животи. Три лица загинаа во поплавите што вчера ја погодија Тоскана. 85-годишниот Алфио Чиолини од Монтемурло починал во својот дом откако поројот влегол во неговата куќа. Наводно, Чиолини не можел да стигне до горниот кат бидејќи нивото на водата нагло се зголемило.
Маж загина и во Росињан, кога водата влегла во домот за стари лица и го поплавила објектот. Спасени се 22 станари од домот, но до повозрасниот маж помошта стигнала предоцна. Градоначалникот на Росињано, Даниеле Донати изјави дека се уште не е јасно дали старецот починал како последица од поплава или од природни причини, пишува „La Nazione“.
⚡🇮🇹 #Italy – More Videos of major Flooding in North Italy.#Toscana #Tuscany #Pisa #WeatherAlert #StormCiaran pic.twitter.com/TyMMjdbwK9
— X News Monitor (@xNewsMonitor) November 3, 2023
Уште едно лице е пронајдено мртво во Монтемурло. Станува збор за 84-годишна жена на која и се слошило додека вадела вода од својата куќа со лопата. Дожд и силен ветер се предвидува да се движат кон јужните региони на Италија, објави агенцијата за цивилна заштита на земјата.
Queste le immagini di quello che sta succendo a #Prato e in diverse città della #toscana . Questa è l’esondazione del Fiume #Bisenzio . Purtroppo al momento si hanno notizie di un morto è una persona di 85 anni. #alluvione pic.twitter.com/Hg9Wau1fXK
— Chara (@chara_cam) November 2, 2023
Силната бура ги погоди северозападна Франција и југозападна Англија, пред да се прошири во Холандија, Белгија, Германија, Франција и Италија, при што има најмалку седум мртви и неколку повредени, соопштија во петокот локалните власти.
Бурата предизвика еден смртен случај во Холандија кога дрво падна врз лице во југоисточниот град Венреј во близина на границата со Германија, соопшти полицијата во четвртокот. Паѓањето дрвја повреди луѓе на неколку други локации, вклучително и една жена во Хаг, соопшти полицијата. Велосипедистите беа погодени и од паѓање на гранки и дрвја.
Во Франција две лица загинаа, а 15 се повредени, меѓу кои седум пожарникари, изјави министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин. Возачот на камион загинал кога удрил во паднато дрво. Во Авр, еден човек бил зафатен од налет на ветер додека ги затворал ролетните на прозорецот и починал.
Околу 1,2 милиони домаќинства останаа без струја, а стотици илјади се исклучени од мрежата на мобилни телефони. Во некои региони ветерот достигна брзина и до 200 километри на час. Соборените дрвја ги блокираа патиштата и железничките пруги. Причинета е значителна материјална штета. Поради невремето откажани се стотици летови. Возовите до и од Париз, исто така, не сообраќаа, а беше погоден и превозот.
Силни ветрови дувале и низ регионот на планината Харц во централна Германија во четвртокот, убивајќи една жена откако ја удрило дрво што паднало, соопштија пожарникарите во градот Гослар. 46-годишна жена од Баварија планинарела со сопругот и двете мали деца на 600 метри високата планина Рамелсберг кај Гослар кога починала.
Невремето, исто така, урна далноводи и делумно затвори два автопати во планината Харц, соопштија пожарникарите.