(Видео) Невреме ја зафати Италија: водата уништи мостови, поплави во Милано, исчезна човек…

poplava-italija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бран обилни врнежи ја погоди северна Италија. Поплавен е финансискиот центар на Милано, а во регионот Пиемонт се трага по исчезнат возач на трактор.


58-годишниот Џовани Канавера утрово се движел со својот трактор по брегот на реката Орко, но земјата попуштила и тој и тракторот завршиле во матната вода. Малку по 18 часот тракторот е извлечен, но трага од мажот се уште нема, пренесе Анса.

Се претпоставува дека го однела силна речна струја, а во потрагата бил вклучен и хеликоптер.

Уште една река се излеа во долината Суза во Пиемонт, урна два моста, блокирајќи го патот и изолирајќи околу 50 луѓе во две села. Два други северни региони, Ломбардија и Венето, исто така се соочуваат со поплави.

Невремето предизвика голема материјална штета и прекин во градот Милано каде се излеаа реките Севесо и Ламбро.

Пожарникарите во Милано соопштија дека одговориле на десетици повици за спасување на луѓето заглавени во автомобили во поплавените подвозници и отстранување на водата од подрумите.

Ветровите со брзина од над 100 км/ч во Џенова и обилните врнежи од дожд во западна Лигурија урнаа дрвја и билборди многу области беа поплавени.

Во Тоскана е снимена пијавица која носи лежалки и чадори на плажа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK