Во последните денови, глобалната воздухопловна заедница, како и одговорните за безбедноста, беа изненадени од видеата од кинеската провинција Ченгду. На нив е прикажан голем и досега непознат воен авион со триаголен облик кој лета речиси без звук, пренесува Ал Џезира.
Иако снимките прво се појавија на кинеските социјални мрежи, а малку подоцна и на западните, јасно е дека всушност Пекинг официјално дозволи снимките да се шират како јавна порака до Западот, пред се до Вашингтон.
Самиот авион најверојатно е продолжение на развојот на кинеските таканаречени стелт ловци – бомбардери со намалена радарска видливост, како што е веќе познатиот Shenyang J-35A. Експертите наведуваат дека новиот авион би можел дури и да има способност да лета во стратосферата на Земјата, на височини од повеќе од педесет илјади метри.
Она што може да се види од неколку кратки видеа е дека новиот авион нема вертикална опашка за стабилизација на летот и има интегрирано лежиште за оружје во внатрешноста на трупот.