Според капетанот Џастин Шор од противпожарната служба во Сан Франциско, нема извештаи за големи штети во градот по силниот земјотрес во Северна Калифорнија. Земјотресот, кој според Геолошкиот институт на САД бил со прелиминарна магнитуда од 7 степени, се случил на околу 480 километри од Сан Франциско, во близина на градот Еурека.
Earthquake aftermath in Ferndale, California, USA pic.twitter.com/WqbihEuGXm
— S p r i n t e r (@SprinterFamily) December 5, 2024
Градоначалникот на Еурека, Мајлс Слатери, извести дека нема значителна штета во градот и покрај силниот земјотрес. Нема извештаи за пукнатини на гасовод и големи оштетувања на згради. Слатери истакна дека земјотресот бил долг, но не толку силен како претходните, особено оние со епицентар на копно.
So far no confirmed reports of major damage after M7.0 earthquake off the coast of Northern California. Smaller damage / impact in shops, markets and restaurants …
📷 screenshots pic.twitter.com/9hs3VpiSsp
— MIBAWI (@Michael45231497) December 5, 2024
Неколку минути по земјотресот, беше издадено предупредување за цунами за делови од бреговите на Калифорнија и Орегон, вклучувајќи го и градот Еурека, но тоа предупредување подоцна беше откажано. Слатери додаде дека дел од градот е евакуиран, па немале време да направат детална проценка на штетите, но врз основа на досегашните извештаи, штетите не се споредливи со оние предизвикани од земјотресот во декември 2022 година, кога со јачина од 6,4 степени земјотресот предизвика смрт на најмалку две лица и значителна штета на инфраструктурата.