(Видео) Неколку загинати во поплавите во Шпанија

spanija-poplavi.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поројните поплави во југоисточна Шпанија, објави Ројтерс.


Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека од почит кон семејствата нема да дава дополнителни информации.

Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, во вторникот ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.

Големи поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата, а властите трагаат по неколку исчезнати лица.

Итните служби, објавија светските медиуми, работат на спасување на луѓето од поплавените подрачја. Полицијата во градот Л’Алкудија трага по возач на камион кој се води за исчезнат.

Градоначалникот на градот Летура, Серхио Марин Санчез за шпанската јавна телевизија изјави дека службите за итни случаи трагаат по неколку лица кои исчезнаа по поплавите.

Понатаму, брзиот железнички сообраќај меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија беше прекинат поради штетата предизвикана од невремето на железничката мрежа.

Гардијан објави дека брз воз со 276 патници излетал од шините во јужниот регион на Андалузија, но никој не е повреден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK