(Видео) Напаѓачот од Њу Орлеанс имал помошници, ФБИ: Во тек се серија претреси

orleans-napad.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шамсуд-Дин Џабар, 42-годишникот од Тексас кој со својот пикап влета во толпа луѓе на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс, убивајќи 15 и ранил десетици, отслужил 13 години во американската војска, вклучително и во Авганистан.


Истражителите на ФБИ и локалната полиција соопштија дека Џабар не дејствувал сам и дека ги бара неговите соработници. ФБИ објави дека тој имал знаме на Исламската држава на камионот и дека инцидентот го разгледуваат како можен терористички напад. И додека истрагата се уште е во тек, се уште нема информации за објаснување зошто Џабар, американски државјанин кој пораснал во Тексас, би го извршил нападот во Њу Орлеанс.

Вооружениот напаѓач е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицијата, соопштија официјални лица.

Бајден: Духот на Њу Орлеанс никогаш нема да биде поразен

Претседателот во заминување Џо Бајден и се обрати на нацијата по нападот во Њу Орлеанс. Тој им порача на граѓаните на Њу Орлеанс дека Америка тагува со нив.

„Ќе бидеме со вас додека тагувате и додека закрепнувате во следните недели. Сакаме да им се заблагодариме на нашите храбри служби за итни случаи и полицајци кои го запреа напаѓачот пред да убие или повреди повеќе луѓе“, рече тој.

Бајден истакна дека во часовите пред нападот, осомничениот објавил видеа на социјалните мрежи во кои потврдува дека бил инспириран од ИСИЛ и дека имал „желба да убива“. Тој потврди дека властите работат „на истрага на овој грозоморен чин“. ФБИ претходно откри дека Шамсуд Дин Џабар имал залепено знаме на ИСИЛ на неговото возило за време на нападот.

ФБИ: Во тек се серија претреси

ФБИ соопшти дека неговите специјални агенти „во моментов вршат серија претреси во Њу Орлеанс и други сојузни држави“. Во соопштението се наведува и дека продолжува „собирањето на сите релевантни докази“ на местото на злосторството.

ФБИ планира да го предаде надзорот на местото на злосторството на локалните власти во следните неколку часа.

Државен обвинител: Во нападот биле вклучени повеќе лица

Јавниот обвинител на Луизијана, Лиз Мурил, изјави за Ен-би-си Њуз дека „со сигурност може да се каже дека има повеќе луѓе вклучени“ во нападот. Истражителите претходно изјавија дека веруваат дека осомничениот од Њу Орлеанс не е „единствено одговорен“ за нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK