(Видео) Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс: најмалку 10 починати и 35 повредени

2165346.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Напаѓач влетал со пикап во група луѓе во Њу Орлеанс. Според првите информации загинале најмалку 10 лица, додека 35 се повредени. Инцидентот се случил на улица за време на новогодишната прослава околу 03:15 часот по локално време. Тоа е улица позната по бројните барови и клубови.


Си-Ен-Ен пренесува дека напаѓачот е убиен. Полицијата соопшти дека нападот бил „многу намерен“ и дека напаѓачот пукал во луѓето. Тој рани двајца полицајци.

Градоначалникот на Њу Орлеанс инцидентот го нарече „терористички напад“, а ФБИ потврди дека нападот се истражува како терористички чин. Тие ја презедоа истрагата и велат дека на местото на настанот била пронајдена импровизирана експлозивна направа.

ФБИ го истражува инцидентот во Њу Орлеанс како „терористички чин“, се вели во соопштението.

„Утрово, поединец со својот автомобил влета во толпа луѓе на улицата Бурбон во Њу Орлеанс, убивајќи многу луѓе, а рани десетици други“, се вели во соопштението на ФБИ.

Претходно, агент на ФБИ изјави дека инцидентот „не е терористички настан“, додека градоначалникот го нарече „терористички напад“.

„Мажот кој влетал со пикапот во луѓе во Њу Орлеанс се обидел да убие што повеќе луѓе“, соопшти полицијата на тој американски град, додавајќи дека напаѓачот е убиен, јавува Си-Ен-Ен.

„Напаѓачот на историската улица Бурбон имал голема желба да предизвика масакр“, изјавила полициската службеничка Ен Киркпатрик, а пренесува агенцијата Франс прес.

Според досегашните податоци на итната помош најмалку десет лица загинале, а неколку десетици се повредени. Киркпатрик рече дека нападот не бил спречен и покрај присуството на повеќе од 300 полицајци, додавајќи дека напаѓачот ги заобиколил полициските барикади.

Напаѓачот пукал и кон безбедносните сили, при што ранил двајца полицајци. „Тој човек, сторителот, пукаше во нашите полицајци од своето возило. Тие се во стабилна состојба“, рече Киркпатрик.

Осомничениот за пукањето во Њу Орлеанс е мртов, изјави федералниот службеник за спроведување на законот за Си-Ен-Ен. Индициите се дека осомничениот делувал намерно, рече службеникот. ФБИ и полицијата вршат претрес на возилото за да го утврдат мотивот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK