Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј.
„Она што го видовме вчера беше чин на чисто зло“, рече австралискиот премиер Ентони Албанез.
„Тоа беше чин на антисемитизам, чин на тероризам на наша почва, на една од најзначајните локации во Австралија – плажата Бонди“.
Тој рече дека местото ќе биде „засекогаш обележано“ од „злобата“ на антисемитизмот.
View this post on Instagram
Тој додаде дека знамињата низ целата земја денес ќе бидат спуштени на половина копје.
„Вчера беше навистина мрачен ден во историјата на нашата нација. Но, ние како народ сме посилни од кукавиците што го направија ова“, рече Албанез.
Тој продолжи: „Австралија никогаш нема да се предаде на поделбите, насилството или омразата и заедно ќе излеземе од оваа трагедија. Нема да им дозволиме да нè поделат како нација.“