Тројца Израелци се убиени, а неколкумина се ранети во пукање во автомобил и автобус во близина на градот Кедумим, окупиран од Израел, на Западниот Брег, објави израелската национална служба за итни случаи Маген Давид Адом (МДА).
Aftermath of West Bank bus shooting. pic.twitter.com/k8L5zt7iTI
— Roya News English (@RoyaNewsEnglish) January 6, 2025
Израелското воено радио објави дека војската ги опколила сите села во областа во потрага по осомничените. Се верува дека осомничените побегнале во едно од блиските палестински села. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата сторителите и сите оние кои им помогнале. „Никој нема да биде поштеден“, објави тој на X.
Засега нема коментар од палестинските власти на Западниот Брег. Милитантната група Хамас, која управува со Појасот Газа и е присутна и на Западниот Брег, ги пофали нападите, нарекувајќи ги „херојски одговор на континуираните злосторства и геноцидната војна во Газа“, но групата не презеде одговорност за нападот.