(Видео) Напад во училиште во САД, напаѓачот уапсен, има загинати и ранети

df38b5bd-45fa-49ad-af10-89e8cd3672f9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во средно училиште недалеку од Атланта во американската држава Џорџија имало пукање.


МСНБЦ на Х објави дека според првичните информации во пукотницата загинале најмалку две лица, а најмалку четворица се ранети. Други американски медиуми јавуваат дека има повеќе жртви, меѓу кои може да има и ранети и убиени.

Осомничениот е уапсен, соопштија властите.

„Полицијата и ЕМС одговорија во средното училиште Апалачи во округот Бароу околу 10:23 часот „за пријавен активен стрелец“, се вели во соопштението од Канцеларијата на шерифот на округот Бароу.

Учениците се евакуирани, а пристапот до училиштето е блокиран.

Белата куќа објави дека претседателот Џо Бајден бил информиран за пукањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK