(Видео) Најмалку тројца загинати во терористичкиот напад во Турција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа во нападот врз седиштето на турската државна авиокомпанија, изјави локалниот градоначалник, Селим Чирпаноглу.



Тој рече дека се ранети уште пет лица, пренесува „Ројтерс“.

Турските медиуми пишуваат дека двајцата напаѓачи се неутрализирани, но засега нема официјална потврда за веста.

Исто неофицијално, дел од турските медиуми јавуваат дека во зградата на фабриката за авиони биле држени работници како заложници.

Претходно, министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликајасоопшти дека е извршен терористички напад на подрачјето на турската воздухопловна индустрија (ТУСАС), во кој има загинати и ранети, јавува агенцијата „Анадолија“.

„За жал, има загинати и ранети во нападот. На загинатите им посакуваме Божја милост, а на ранетите брзо закрепнување. Јавноста ќе биде информирана за ситуацијата. Важно е да се земат предвид информациите што доаѓаат од официјалните извори“, изјави Јерликаја.

На социјалните мрежи објавено е видео од надзорната камера на кое се гледаат двајца напаѓачи. Имаат автоматски пушки во рацете и ранци на грбот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK