Најмалку 65 полицајци се повредени во текот на ноќта во Берлин за време на протестите поради израелското бомбардирање на Појасот Газа, соопштија германските власти.
Полицајците се „повредени од камења и запалива течност “, објави берлинската полиција на платформата Икс (Твитер), пренесе „Гардијан“.
Around 60 police officers were injured yesterday during an anti-Israel protest in Berlin, Germany.
Why do these protesters feel the need to attack German police officers?
Via @FranceNews24 pic.twitter.com/wVfnFfNxit
— Visegrád 24 (@visegrad24) October 19, 2023
Портпаролката на полицијата рече дека се уапсени 174 лица, вклучително и 65 кои ќе бидат под истрага.
Митингот започна доцна синоќа во Нојколн, област со голема арапска заедница.
Дневниот весник „Билд“ објави дека на платформата Телеграм биле поканети мажи да го претворат Нојколн во Газа и да запалат сè.
Кога полицијата им нареди на демонстрантите да се разотидат, на улиците беа поставени корпи за отпадоци и барикади, а врз нив беа фрлани камења и пиротехнички средства, поради што полицијата реагираше со водени топови, соопштија властите.