(Видео) Најмалку 47 луѓе се заробени по уривањето на глечер во Индија


indija-nesrekja.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се стравува дека најмалку 47 луѓе се заробени по пукање на глечер во индиската хималајска држава Утаракханд, објавија денеска локалните медиуми.


Инцидентот се случил во близина на автопат во регионот Чамоли, на помалку од пет километри од популарниот хинду храм Бадринат, кој секоја година го посетуваат стотици илјади верници.

Најмалку 57 работници кои граделе пат во област што граничи со Тибет останале заробени по лавина предизвикана од пукање на глечер, изјави за новинската агенција АНИ високиот полициски службеник Нилеш Ананд Барне.

„Од нив, 10 работници беа спасени и испратени во воен камп во близина на Мана (село) во критична состојба“, рече тој.

„Предизвик е за спасувачите да стигнат до местото каде што се заробени 47 луѓе бидејќи паѓа силен снег“, изјави друг висок функционер за АНИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK