Најмалку 25 лица, меѓу кои и едно четиримесечно бебе, загинаа, а десетици се повредени при експлозија во градот Сан Кристобал во Доминиканската Република.
Не е познато што ја предизвикало експлозијата во деловното подрачје на градот. Меѓу уништените згради има продавница за железарија, ветеринарна клиника и фабрика за пластика, пренесува Ројтерс.
🇩🇴 A massive explosion occurred in a trading establishment in the province of San Cristobal in the Dominican Republic, as a result of which several people died and dozens were injured pic.twitter.com/cVXO2UWF2q
— Winnie Pooh (@WinniePooh14466) August 16, 2023
Стотици пожарникари се уште се обидуваат да го изгаснат пламенот во четири од девет згради зафатени од пожарот.
Multiple explosions near a bakery & plastic factory in the Dominican Republic…#DominicanRepublic #explosion #SantoDomingo pic.twitter.com/l21XLVFuyz
— Mrgunsngear (@Mrgunsngear) August 15, 2023
Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на експлозијата и истакна дека властите „прават се што е можно“ за да ги пронајдат исчезнатите.