­

(Видео) Најмалку 15 загинати во стампедо на аџилак во Индија

indija-sobir-adzilak.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 15 луѓе загинаа во стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуски аџилак, во Прајаграџ, северна Индија, во неделата вечерта, објави АФП.


Многу аџии се повредени во несреќата, некои тешко, и се хоспитализирани, изјави за АФП еден од лекарите во болницата Свароп Рани Нехру во Прајаграџ, каде што жртвите се евакуирани.

Локалните власти и безбедносните сили се уште не објавија извештај за стампедото.

На местото на настанот, репортерот на АФП видел бројни жртви како се евакуирани од спасувачите и верниците во ќебиња.

Кумб Мела се смета за најголем религиозен собир во светот, на кој присуствуваат милиони хинду верници од цела Индија за да се капат на сливот на светите реки Ганг и Јамуна.

Оваа година, масовниот фестивал се одржува од 13 јануари до 26 февруари, а властите најавија повеќе од 400 милиони учесници, што го прави најголемиот собир до сега.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK