(Видео) Надзорните камери снимија огромна експлозија на товарен брод во Кина

eksplozija-brod-kina.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во петокот, контејнер со опасни материи на товарен брод експлодираше во кинеското пристаниште Нингбо.



Надзорните камери снимија огромна експлозија која го потресе едно од најфреквентните пристаништа во Кина, пишува Си-ен-би-си.

Кинеските државни медиуми јавуваат дека ударните бранови биле почувствувани на километар од пристаништето Нингбо. Засега нема информации за жртви или повредени. Инцидентот се случил на бродот YM Mobility, сопственост на тајванска компанија, по што избувнал пожар, кој подоцна бил ставен под контрола.

Сите вработени се евакуирани од бродот на безбедно. Агенција за управување со вонредни состојби во провинцијата Жеџијанг соопшти дека товарниот брод превезувал опасни материјали, но не прецизираше за што се работи. Причината за експлозијата се уште не е позната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK